Вести Култура

Охридско лето е потврда за нашиот идентитет

„Охридско лето“ е потврда за нашиот идентитет и потврда дека сме дел од европската култура, а другото е лага, рече министерката за култура Бисера Костадиновска- Стојчевска синоќа пред присутните во Античкиот театар, на отворањето на 62 фестивалско издание. Според министерката, од нас зависи дали ќе го надградиме идентитетот.

  • Во нашето минато нема ништо од што би се срамеле за да мораме да го вртиме погледот од него. Од нашиот јазик, и нашата музика, и нашите слики, и нашите книги , и нашите ора и нашите куќи, и нашата кујна , сè е идентитет.И тоа што сме Македонци е идентитет. Идентитет што го наследивме, а од нас зависи дали ќе го надградиме, ќе го носиме во срцето или само ќе го вртиме по потреба низ уста, изјави министерката за култура Бисера Костадоновска- Стојчевска.

Покровителот на „ Охридско лето“, претседателот Пендаровски, пред да го прогласи фестивалот за отворен, цитирајќи го Франц Кафка кажа дека од уметност на живеење преминавме на уметност на преживување поради изместените вредности и губењето на моралот.

  • Сите уметности и служат на најголемата уметност- уметноста на живеење на земјата. За жал сведочиме дека во епхата на информациско-технолошки и научен развој, без преседан, наместо луѓето да бидат посигурни и посреќни, живеењето на многу места  во светот се претвора во борба за власт, доминација над другите и опседнатост со материјалното. Сведоци сме на воени конфликти, глобални здравствени закани, непочитување на човековите права и слободи. Понишување на достоинството, тектонско изместување на вредностите и губење на моралниот компас, порача претседателот Пендаровски.

Фестивалот започна со концерт на докажаните четири италијански тенори. Тие изведоа арии и популарна класична музика, во придружба на оркестарот на нашата Национална опера и балет, под диригентство на маестро Лоренцо Бицари.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Посредуваше за Пржинскиот договор, ќе посредува и во македонско-бугарскиот спор и ќе олеснува за уставните измени – Ванхојте се враќа во Македонија

Дејан Дејан

Два земјотреса на Тајван еден по друг со јачина над 5 степени

Дејан Дејан

Си Џинпинг: Кина го поддржува полноправното членство на Палестина во ОН

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе