Култура

Охридско лето започнува вечерва со гала концерт на славните италијански тенори

Со гала концерт на четирите славни италијански тенори Алесандро Де Акриса,Федерико Сера, Џовани Мариа Палмиа и Уго Такрвини, вечерва на Античкиот театар во 21 часот започнува 62 издание на фестивалот Охридско лето. На програмата ќе бидат дела од 18 композитори, а со оркестарот на Националната опера и балет ќе диригира Лоренцо Бицари. Пред почетокот на концертот уметничка порака ќе испрати нашиот баритон и композитор Горан Начевски, а обраќања ќе имаат министерката за култура и претседателот на државата Пендаровски, кој како покровител на Охридско лето ќе го прогласи фестивалот за отворен.

До 20 август кога завршува Охридско лето на програмата се предвидени 33 музички и 9 театарски изведби, со учество на 1000 домашни и странски уметници од 24 земји. Традиционално, почетокот на фестивалот ќе биде означен со палење на фестивалскиот оган и со интонирање на химната, чиј автор е композиторот Томислав Зоргафски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„ Кимоно инспирации“ од влијанието на јапонската култура и традиција врз уметникот Благој Мицевски

Дејан Дејан

Дино Имери: Шопен за мене е предизвик заради дилемите околу интерпретацијата на неговите композиции

Дејан Дејан

58 МТФ „ Војдан Чернодрински“ со 11 претстави во натпреварувачката програма

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе