Вести Култура

Не прифаќаме кратења во буџетот за култура, реагираат од независната културна сцена

Нетранспарентност на министерката Бисера Костадиновска Стојчевска и на Министерството за култура во начинот на менаџирање со буџетот за култура во време на криза, реагираат членките на Асоцијацијата на независната културна сцена „Јадро“. Велат дека не биле навремено информирани, консултирани и не се согласни со какво било намалување на средствата за работа, за кои веќе имаат потпишано договори.

Ние, сите членки на ЈАДРО кои се над 60 организации во културата и поединци коишто се занимаваат со култура, сите кои имаат добиено проекти од страна на Министерството, сите имаме веќе испланирани проекти, фестивали, настани за кои имаме склучено договори. Да не го споменувам првенствено договорот со Министерството за култура. Имаме покането учесници кои доаѓааат од странство и сето тоа е веќе организирано и има програма која се случува во вториот дел од годината, рече Јана Коцевска, претседателка на УО асоцијацијата „Јадро“.

Консултираните синдикати, со кои министерката Костадиновска-Стојчевска разговарала ги претставуваат културните работници во јавните институции и истите не го претставуваат независниот културен сектор, вели Коцевска.

Министерството за култура се најде во ситуација  да мора да одвои поголем процент за плати на вработените во институциите од културата,  во услови кога и онака буџетот за култура се крати со ребалансот.

Корисниците на буџетските средтва на Министерството за култура за промените на буџетските политики беа навремено  информирани, зашто Министерството за култура ги смета за партнер во креирањето и реализацијата на Годишната програма. Меѓу првите остварени работни средби на министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска беше и средбата со Асоцијацијата на независната културна сцена-Јадро.

Со ребалансот на буџетот програмите за работа во културата ќе се кратат за 1 милион и 200 илјади евра, што е 31%  од вкупниот буџет за програмски активности за годинава, кој изнесува 4 милиони евра.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца прилепчани носеле 3 килограми марихуана и автомат со рент-а-кар

Дејан Дејан

Дејан Дејан

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје кое би водело до траен прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе