Вести Македонија

Климатските промени силно удираат врз производството на храна на македонските ниви

Земјоделците и институциите , иако имаат програми сепак се уште  на терен не можат да се справат со климатските промени. Променет е режимот на врнежи, температурата е порасната за сетен и пол. Токму промената на климата изминатите години го намали родот на пченката, пченицата, сончогледот и грозјето, а годинава ова веќе се чувствува и на раноградинарските производи пиперката и доматот.

Земјоделските експери со години алармираат дека како држава сме зависни од увоз на семенски материјал. Домашниот семенски материјал покрива само една четвртина од потребите на земјоделците, но се уште не се користат сортите отпорни на климатските промени.

Земјоделскиот институт при УКИМ и ФАО при ООН почнаа  опити со пиперка, пченица и грав, за да се утврди отпорноста на климатските промени. Според  резултатите ќе се прави и државна стратегија.

Во услови на двоцифрена инфлација, производството на храна на македонските ниви станува еден од приоритетите на државата. Според земјоделските експерти освен тоа што климатските промени влијаат на производството,  земјоделците мора и забрзано и целосно да ја модернизираат својата механизација. Но и државата, општините да најдат начини и мерки за задржување на младото население во руралните подрачја. Според последниот попис во општините Штип и Карбинци  26 села се празни.

Викторија Димитрова Јованова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гори Канада – над 800 активни пожари, најголем дел се надвор од контрола

Sasko Dimovski

Кос со осуда на изјавата на српската министерка Пауновиќ дека етнички би го исчистила Косово во 1998 година да била на местото на Милошевиќ

Sasko Dimovski

(Видео) Улици претворени во реки – силно невреме вечерва ја зафати Битола

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе