Вести Македонија Топ вести

Масакр на петките во Орце Николов- како одличните со сите петки паднаа на тестот за упис во гимназија

Гимназијата Орце Николов стана главна мета на штотуку завршените основци. Најголем интерес за запишување во средното училиште кое се наоѓа на Илинденска и кое со години се бореше за прималивиот статус на елитна гимназија во конкуренција со математичката Корчагин и центарската гимназија Јосип Броз.

Оваа година имаше место за 252-ца нови средношколци. Се пријавија 40 повеќе основци. Сите беа со сите петки.

Филтерот мораше да се направи преку тест против кој многумина протестираа. Сега кога веќе се знаат резултатите и младите ученици и нивните наставници од основно сигурно си посакуваат тоа тестирање поради прекубројни кандидати воопшто да не се случило.

Иако сите одлични од почеток на крај, само со петки, според пресметките и објавените резултати од тестирањето на 292-ца ученици на крај излегло дека всушност само 11 ученици оствариле повеќе од 76 % од вкупно 170 бодови од тестот, односно имале 130 бодови и повеќе. Толку всушност според критериумите за одличен би биле одлични по тестот.

Ниту еден од тестираните основци не успеал да го реши тестот за максималните 170 поени, најдобриот на тестирањето имал 152 бода или околу 90 % успешност.

Вкупно 40 ученици, колку што биле прекубројни на пријавувањето, добиле незадоволителни резултати на тестот односно иако во основно биле со сите петки, на тестот добиле недоволен 1. Тоа се деца кои имале под 45 бода или помалку од 26 % од бодовите на тестот.

39 ученици покажале многу добар успех на тестот според процентот за одговорени прашања на тестот, најмногу од пријавени 133-ца ученици имале резултат за оценка 3 –добар. Доволен успех или двојка добиле 70 завршени деветоодделенци.

Резултатот кој личи на масакр на петките од основно покажа на кое ниво е образованието. Тестирањето во Орце Николов го разголи квалитетот на она што го научиле децата и за што добиле највисоки оценки.

Една од причините е долгата пандемија и мерките со кои образованието особено кај постарите одделенија беше осакатено.

Овие деца кои беа на тестирањето, седмото одделение го завршија од дома, пролетта 2020-тата со полициски часови и забрани.

Истите деца, 8-то одделение го завршија од дoма преку несигурниот и не до крај функционален систем за онлајн далечинско учење. Покрај тоа почнаа еден месец подоцна.

Истите жртви на македонското образование, децата, 9-тото пдделение го завршија во микс на „оди- не оди“ на школо. Почнаа на време, се вратија во училниците по година и пол седење дома. Четвртиот корона бран им ја намали училишната година за уште една недела по зимскиот распуст.

Потоа напролет стигна штрајкот на образовните работници, се бараше зголемување на платите после зголемување на минималната плата, но и повеќе пари за образовни асистенти и активности. Се штрајкуваше речиси цел месец.

Наставниците и професорите добија ветување за 15 % поголеми плати. Учениците добија многу петки за во свидетелствата, кои засега не се подделени и најверојатно не се ниту набавени.

Иста сума на покачување на платата ќе добијат и оние наставници чии ученици се покажале на тестот во Орце Николов, и оние наставници кои не ги научиле своите ученици доволно, а им наредиле сите петки.

Мало вложување, незавршена дигитализација, неквалитетни учебници за кои се фрлаат милиони за приватен профит, лоши услови во селските училишта. Списокот на причините кои го предизвикаа масакрот на петките во гимназијата Орце Николов е долг и постојано расте, наместо да се намалува.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Земјотрес со јачина од 6,9 степени по Рихтер погоди делови од Јапонија

Дејан Дејан

(Видео) Над 70 торнада направија пустош во САД, најмалку три лица се повредени

Дејан Дејан

Автомобилското осигурување ја разбранува јавноста – дали ќе има поскапување на полисата ќе знае во понеделник

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе