Бразилската полиција соопшти дека уапсила втор осомничен за исчезнувањето во Амазон на британскиот новинар Дон Филипс и неговиот придружник Бруно Переира, објави Ројтерс.
Во соопштението на федералната полиција се вели дека Аутсен да Коста де Оливеира, познат и како Дос Сантос, е привремено приведен поради сомнение дека е поврзан со случајот во кој неговиот брат Амарилдо да Коста де Оливеира, познат и како Пеладо, кој беше уапсен минатата недела во селото каде што двајцата исчезнати последен пат беа видени на 5-ти јуни.
Федералната полиција, исто така, соопшти дека запленила муниција и лопатка, но не соопшти зошто се конфискувани, на кого му припаѓаат и каде се пронајдени. Во петокот, де Оливеира изјави за Асошиетед прес дека го посетил Пеладо во затвор и му кажал дека локалната полиција го мачела на неговиот сопствен брод, кој исто така бил конфискуван од властите.
