Вести Свет

Столтенберг и група лидери на НАТО земји неформално ќе разговараат за Украина

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеск а ќе има неформална средба со група лидери на земји членки на НАТО, а ќе се разговара за војната во Украина и подготовките за самитот на НАТО во Шпанија, кон крајот на јуни.

Домаќини на неформалниот состанок ќе бидат холандскиот премиер Марк Руте и данската премиерка Мета Фредериксен, а ќе присуствуваат и романскиот претседател Клаус Јоханис и премиерите на Белгија, Полска, Португалија и Летонија.

Премиерот на Летонија, Кришјанис Каринш, денеска изјави дека очекува на средбата да се разговара и за зајакнување на источното крило на НАТО, особено за Естонија, Летонија и Литванија, кои сите граничат со Русија.

На состанокот му претходеа минатонеделните разговори во Букурешт меѓу девет членки на НАТО за зајакнување на безбедноста во источното крило.

-Мораме да бидеме сигурни дека НАТО е способен и подготвен ефикасно да одговори и да се прилагоди на заканите со кои се соочува. Алијансата мора да биде способна да ја брани секоја педа од својата територија, рече Јоханис по минатонеделниот состанок.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Докторка претрпела „професионално согорување“ во болницата каде работела, судот ѝ додели отштета 20.000 евра

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Пожари во Франција: Десетици илјади луѓе се евакуирани

Kristina Kuzmanovski

Средба Трамп – Зеленски во вторник во Вашингтон

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе