Вести Свет

Бројот на жртвите од украинското артилериско гранатирање во Доњецк достигна пет, а ранетите 22

Најмалку пет лица загинаа вчера во Доњецк при артилериско гранатирање на украинските сили, а бројот на ранети е 22, соопштија претставници на проруските сепаратисти и руските агенции, цитирани од Ројтерс.

Руските новински агенции јавија дека гранати паднале на пазарот, како и на породилиште во Доњецк, предизвикувајќи пожар и принудувајќи го персоналот да ги евакуира пациентите во подрумот на зградата.

„Благодарение на брзата реакција на персоналот, нема повредени“ меѓу пациентите, пренесе РИА Новости.

Ројтерс не можеше да ја потврди оваа информација од независни извори.

Лидерот на самопрогласената Народна Република Доњецк, Денис Пушилин, вети дека ќе мобилизира повеќе руски сили за да и се спротивстават на украинската армија.

Според руските агенции, меѓу загинатите има и едно дете.

Портпаролот на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, Стефан Дујарик, изјави дека властите дознале за нападот на родилиштето.

„Ова е крајно загрижувачки“, рече Дужарик, додавајќи: „Секој напад врз цивилната инфраструктура, особено врз здравствените установи, е јасно кршење на меѓународното право“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Пожари во Франција: Десетици илјади луѓе се евакуирани

Kristina Kuzmanovski

Средба Трамп – Зеленски во вторник во Вашингтон

Kristina Kuzmanovski

(Видео/Фото)Шумски пожари во Шпанија: Прогласена национална вонредна состојба

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе