Код Македонија

КОД: Конфискација на Трансмет- како се отуѓувал имотот на државата која конечни доби една минорна судска победа

Државата со минорна судска победа за конфискуваниот имот на Трансмет- како се поништувала конфискацијата на 17,2 милиони евра со сомнителни доверителски договори.

Дали она што не успеале да го добијат доверителиоте преку граѓанските судови и извршителите ќе може да си го врати државата? Ова прашање за сега нема одговор , но во морето тужби и постапки со кои правобранителството бара да се поништат одлуките на судовите  за извршување на имотот на Трансмет во корист на доверителите една е добиена.

Апелациониот суд ја потврди одлуката на Основниот граѓански суд и успеа да стави привремена мерка Пуцко Петрол и Компанија Велковски да не располагаат со станот кои си го наплатиле од имотот на Трансмет кој со одлука на Кривичниот суд бил конфискуван од државата.  Станува збор за стан од 82 метри квадратни во зградата спроти Министерството за внатрешни работи . 

Ова е прва потврда за да се заштити имотот кој со судска пресуда го доби државата. но приватни доверители со помош на извршители и судски одлуки успеаја да го одземат иако станува збор за имот стекнат со кривично дело.

И додека обвинителството за борба против организиран криминал и корупција испитува кој дозволи државата да го изгуби имотот вреден 17, 2 милиони евра ова е само еден минорен случај на победа на државата над извршителите.

Апелациониот суд  еден месец по објавувањето на сториите на КОД за ненаплатениот имот од Трансмет , на крајот на април, ја потврдува  одлуката на Основниот граѓански суд Скопје  со која се забранува  Пуцко Петрол и Компанија Велковски да располагаат со станот .

Правобранителството барало од судот овие две фирми како и извршителите да не можат да располагаат со имотот кој всушност треба да е во рацете на државата. Но како станот како и останатиот имот на Трансмет наместо во рацете на државата заврши кај доверителите?

КОД веќе неколку пати пишуваше и за фиктивни договори со доверители на Трансмет. Еден од договорите кои биле истражувани и за кои правобранителството тврди дека е со невистинита содржина заверена кај нотар, е со Пуцко петрол.

Така и во овој случај станот во своето имотно портфолио за долг го впишуваат и Пуцко Петрол и Компанија Велковски, и тоа во период меѓу првостепената и правосилната пресуда за Труст кога имотот и конкретниот стан биле конфискувани.

Во тој период, крај на 2018-та година, Пуцко Петрол и Компанија Велковски поднесуваат нотарски исправи дека Трансмет им должи пари . Со тие нотарски исправи стечајниот судија им дозволува односно им го признава разлачното право, па Пуцко Петрол и Велковски  стануваат доверители со право на наплата на овој стан имот на Трансмет, иако веќе станот е на државата .

Иако тој стан е веќе конфискуван,  таа одлука на Кривичниот суд никој не ја есапи  па извршителите го наплаќаат долгот преку станот на улица Димче Митрев број 20 .

На ова Правобранителството и Агенцијата за управување со недвижен имот поднесуваат тужба до скопскиот граѓански суд за ништовниост на нотарските договори сметајќи ги за невистинити. Ова не е прв случај каде под сомнеж се ставаат нотарските договори кои ги правел Пуцко Петрол со Трансмет .

И овој договор е за  долг на релација Трансмет-Пуцко Петрол е направен во канцеларијата на нотарот Муамет Шеху  на 05 11 2018  со извршна клаузула. Оваа спогодба била склучена по донесувањето на пресудата на Кривичниот суд

Од јули истата година  по што е впишано во Катастарот дека и припаѓа на државата. И станот во зграда еден  број 20 на улица Димче Митрев спроти МВР е впишан во имот кој треба да се конфискува од Трансмет.

Но ова е само уште еден пример на сомнителни нотарски договори кои ги склучувале Пуцко Петрол и Трансмет. Во истражувањето на КОД откривме како кај нотарот Муамет Шеху  се правени договори во време кога ниту Трансмет ниту Пуцко Петрол не смееле да склучуваат договори за подмирување на долгови од имот кој веќе со пресуда е барем на хартија на државата .

Сега и овој предмет е под лупа на Обвинителството. Прилогот е емитуван во емисијата КОД од 5-ти јуни 2022-ра година, а по линкот, во продолжение е текстот со делови од одлуката на Апелациониот суд.

За конкретниот случај, Апелациониот суд ја усвојува одлуката на понискиот суд и става привремена мерка за забрана за располагање на станот од страна на Пуцко Петроло и Компанија Велковски. Тие не смеат ниту да го користат ниту да го продаваат односно отуѓуваат.

Пресуда од Апелациониот суд

,, По оценка на овој суд правилно првостепениот суд оценил дека по однос на предлоогот за издавање на привремена мерка и тоа во усвоениот дел , се исполнети сите законски услови..

И апелациониот како и грѓанскиот суд не ја усвоиле тужбата на Правобранителството да се стави времена мерка и за извршителите затоа што според судот тие извршуваат јавни овластувања доделени од друг.

Пресуда од Апелациониот суд

,,По оценка на овој суд правилен е ставот на првостепениот суд дека не може да се дозволи привремена мерка спрема трети лица –извршители кои се лица со јавни овластувања а не странка во спорот. ,,

Сега во Катастарот кога ќе се пронајде имотниот лист на станот број 20 на Улица Димче Митрев зграда 1 пишува дека станот не смее да се отуѓува, од тука и извршителите не можат да го спроведат налогот на Пуцко Петрол и Компанија Велковски за да го продаваат станот се до конечната одлука на граѓанскиот суд дали нотарските исправи навистина се невистинити како што смета правобранителството.

Одлуката според документите кои ги доби КОД била доставена до странките на 30-ти мај во понеделник. По првата победа на државата следува и втора затоа што и на крајот на работната недела, уште една таква одлука стигнала во правобранителството,  дознава КОД.

Снежана Лупевска Созен

Во емисијата е објавен и прилог за борбата на жителите на Хром, Дејан Лазиќ и Борче Џиковски кои се обидуваат да ги спасат куќите од изградба на нови објекти до нив иако ги делат темелите и потпорните ѕидови.

Во емисијата од 05.06.2022. и интервју за барањата за македонско државјанство на илјадници турски граѓани кои имаат македонски корени.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – Изборна хроника 04.05.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе