Вести Македонија Најважни

Архиепископот Стефан побара автокефалност, покана до православните верници да го посетат Охрид-катедрата на православието

Влегувањето во канонско и литургиско единство ма МПЦ-ОА преку денешната литургија со Вселенската патријаршија со целиот православен свет е историски чин.

На празникот Педесетница утринската се спои со вечерната литургија нешто што се случува еднаш во годината. Патријархот Вартоломеј во својата беседа истакна дека овој настан значи потполно разбирање за големината на дарот на Мајката Црква, но и одговорност. Од денеска МПЦ-ОА е дел од сеправославниот свет, рече Вселенскиот Патријарх Г.Г. Вартоломеј.

При вас се принадлежностите за доделување афтокефалност, рече Архиепископот Г.Г.Стефан кој повика на трпение.

На литургијата присуствуваше премиерот Ковачевски заедно со уште тројца министри , Спасовски, Османи, Петровска.

Тој доби посебна чест и седеше од десно до вселенскиот патријарх Вартоломеј, и активно учествуваше во литургијата, осносно ја прочита Оче наш и Симболот на верата преку која побара и простување на гревовите.

Отец Бобан од кабинетото на ариепископот Стефан, зборуваше за значењето на чинот на сослужување и дека само трпеливо ќе дојде и времето кога ќе го добиеме и Томосот.

Во Фанар денеска допатуваа и голем број верници кои со радост го дочекаа чинот на сослужување и соединување во една света соборна и апостолска црква. Некои патувале со автобуси за да приствуваат на историјата и да ја споделуваат со блиските.

Посетата на МПЦ-ОА во Истанбул продолжува и утре со литургија на која ќе чиноначалствува архиепископот Стефан.

Од Истанбул, специјалниот известувач на Телма

Билјана Ставрова Алаѓозовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Армијата на Мали потврди: Командантот на ИСИС е мртов

Дејан Дејан

Две деца загинаа при израелски воздушен напад врз куќа во Рафа

Дејан Дејан

ЈО спроведе истрага против лице осомничено за трговија со дрога

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе