Вести Свет Топ вести

И Велика Британија испраќа ракети со долг дострел за Украина, Путин се заканува

Велика Британија ќе ги испрати своите први проектили со долг дострел во Украина, откако Русија ги погоди преградијата на Киев за првпат од април.

Земјата ќе испрати три ракетни системи М270, што можат да истрелат прецизни ракети до 80 километри, подолг дострел од која било ракетна технологија користена сега во војната. Британското министерствио за одбрана објаснува дека овие високо способни ракетни системи за повеќекратно лансирање, ќе им овозможат на Украинците подобро да се заштитат од бруталната употреба на артилерија со долг дострел, што силите на Путин ја користеа неселективно за да уништат градови. Дополнително, украинските војници ќе бидат обучени во Велика Британија како да ја користат опремата. Островската држава со овој потег и се придружи на Америка која минатата недела исто така го испрати современото оружје, ракети со долг дострел, за кое Украина инстистираше.

За ова се огласи и рускиот претседател Путин, кој во интервју рече дека Украина веќе имала вакво оружје, кое го искористила, а Западот ги снабдува само за да го продолжи конфликтот, но дека Москва „ќе донесе заклучоци и ќе ги искористиме нашите средства за уништување, кои ги имаме премногу“. 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

За едно деноноќие 197 граѓани во Гостивар побарале лекарска помош

Sonja Petrusevska

Пропуштање на патнички возила на секои 10 минути, целосен прекин на товарниот сообраќај – грчките цариници најавија штрајк во понеделник

Sasko Dimovski

Зулфикар Зејнула избран за нов министер без ресор – заокружена реконструкцијата на владата

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе