Вести Македонија Најважни

Опожарен центарот „Ванчо Михајлов“ во Битола

Министерката за надворешни работи на Бугарија Теодора Генчовска, уверена е дека инцидентот во Битола во кои беше опожарена влезната врата на културниот центар Ванчо Михајлов, нема да ги наруши односите меѓу Бугарија и Македонија.

Таа денеска е во работна посета на Македонија, а во Битола  дојде  попладнево и два часа се задржа во бугарскиот културен центар.

Во изјава за медиумите рече  верува во македонските истражни органи  дека докрај ќе го расчисат овој случај

-Началникот на полицијата во Битола ме увери дека се преземени сите мерки од дежурниот обвинител и криминалисти. Се надеваме дека во набрзо време ќе има резултати и да има  пресуда на извршителот. Убедена сум дека македонските истражни органиу ќе ја завршат работата. Инцидентот нема да ги наруши односите, но ова ќе биде еден доказ од Репблика Северна Македонија дека навистина се прават напори за борба против говорот на омраза, рече Генчовска.

Инцидентот се случи утрово пред пет часот, кога засега непознати сторители ја запалија влезната врата и натписот на кој стоеше името на клубот Ванчо Михајлов. Од битолската полиција информираат дека настанот е пријавен од жител на улицата Рузвелтова каде се наоѓа клубот, кој слушнал кршење на стакло и видел дека како гори пред влезната врата од објектот. Дежурен обвинител и полициски инспектори извршија увид на местото на настанот.

„Првичните наоди од увидот упатуваат дека е опожарен влезниот дел од објектот. Подигнати се траги од лице место за кои јавниот обвинител издаде наредба за вештачење. Со цел откривање на сторителот, јавниот обвинител веднаш ќе издаде и наредби за обезбедување на снимките од безбедносните видео камери на самиот објект, но и на околните објекти, соопштија од ОЈО Битола.

Пожарот брзо е  изгаснат  од Територијалната противпожарна единица во Битола

„Нашата екипа веднаш  реагираше со 2 возила и 6 пожарникари. Нема сообраќај во утринските часови брзо стигнавме, пожарот веднаш беше локализирам, опожарена беше влезната врата од објектот  која беше во разгорена фаза, за многу брзо време, 10-15  минути беше изгаснат пожарот. Немаше опасност од проширување на пожарот“ рече Горан Димкосики, заменик командир на ТППЕ Битола.

Клубот беше отворен во април оваа година во присуство на целиот државен врв на Бугарија, што предизвика бура реакции во македонската јавност, најмногу поради името на културниот клуб Ванчо Михајлов кој е докажан соработник на фашистичкиот режим од Втората светска војна. Но битолчани денеска го осудија инцидентот.

-Не е добро ова, ако не треба да е тука има друг начин, ова не е начин. Ништо не се решава со кавги палење. Секое палење е лошо, се прави штета, велат битолчани.

Денеска улицата Рузвелтова во Битола беше под засилено  полициско обезбедување, а за време на посетата на министерката за надворешени работи на  Бугарија, Теодора Генчовска, забрането беше движење по оваа улица, освен за новинарите кои  беа легитимирани

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ковачевски: Разговараме со партии на повеќе нивоа

Дејан Дејан

Избирачките одбори во дијаспората со скрстени раце

Дејан Дејан

Одложено рочиштето за Мерко за набавката на службеното Ауди

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе