Во Вашингтон продолжува Стратешкиот дијалог меѓу Македонија и САД во кој досега се одржаа неколку сесии на кои беа отворени теми од интерес за соработка меѓу двете земји.
Стратешкото партнерство меѓу двете земји влегува во нова, подинамична фаза на пријателство, а билатералните односи добиваат нова, попрецизна рамка за нивен натамошен развој, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој вчера имаше средба со американскиот државен секретар Ентони Блинкен. САД недвосмислено застануваат во поддршка на европските интеграции на Македонија како важен влог во стабилноста и напредокот на целиот регион, оценува Османи. Како НАТО сојузници ги делиме современите демократски принципи и вредности, и во целост ја осудуваме воената агресија на Русија врз Украина, стои во неговата објава на ФБ.
