Вести Македонија Најважни

УКИМ бара повисоки плати, но ќе треба да почекаат до септември – им одговори Шаќири

Сојузот на синдикати на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј’ ги повика вработените, наставниот и ненаставниот кадар на УКИМ, денеска со предупредувачки протест пред Ректоратот да изразат незадоволство зашто не им се зголемени платите и не е потпишан Колективниот договор. Министерот за образование и наука Јетон Шаќири на нивната најава за протест одговори дека пари за повисоки плати се предвидени од септември и апелираше да не се наруши јунската испитна сесија.

– Заеднички да го изразиме револтот и незадоволството од игнорантскиот однос на надлежните органи кон Универзитетот и непотпишување на Колективниот договор на УКИМ за остварување на нашите барања за покачување на платите, се вели во соопштението на Сојузот на синдикати на Скопскиот универзитет, кој предлогот за мирен протест го усвоил на седница одржана на  27 мај.

Шаќири повика протестот да биде предупредување, а не закана за јунската испитна сесија и да не им се наштети на студентите. Зголемување на платите во високото образование, рече тој, ќе има од септември и дека тоа е предвидено со ребаланс на буџетот.

Тој нагласи дека е отворен за соработка и исто како што имаше социјален дијалог за основно и за средно образование, очекува така да биде и со репрезентативниот синдикат за високото образование.

Според Шаќири, треба да се разговара за начините на финансирање, посочувајќи дека тие се различни на високообразовните институции и дека ако добро се организираат буџетите може, како што рече, да се постигне поголем успех.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Силјановска Давкова: Она што се случува денеска е резултат на тоа што ветингот беше само реторика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе