Вести Македонија Најважни

РКЕ и денеска ќе носи одлука за цената на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) и денеска ќе носи нова одлука за цената на горивата. Како што велат од РКЕ, исполнети се предусловите за тоа.

  • Предусловите се исполнети, РКЕ ќе донесе нова одлука за цената на горивата која ќе биде во сила од вечер на полноќ, изјави портпаролката на РКЕ, Марина Узунов.

Со последните измени на Правилникот за одредување на малопродажните цени на нафтените деривати, РКЕ може секој ден да носи одлуки за промена на цените на нафтените деривати доколку пресметката за цената на кој било нафтен дериват оди нагоре или надолу за два денари.

Со вчерашното зголемување на цените на горивата, Еуросупер БС-95 и дизелот поскапеа за девет денари, а Еуросупер БС-98 за 9,5 денари за литар. За 8,5 денари за литар е поскапо и Екстра лесното масло за домаќинство. Литар Еуросупер БС-95 чини 104 денари, Еуросупер БС-98 се продава по цена од 106,5 денари. Новата цена на дизелот е 95 денари, а на Екстра лесното масло за домаќинство  93 денари.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Турски суд издаде налог за апсење на Нетанјаху

Kristina Kuzmanovski

Претставничкиот дом на САД гласаше за укинување на летно и зимско сметање на времето

Sonja Petrusevska

СДСМ: Дали Мицкоски и за ослободувањето на Груевски имаше чувство?

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе