Брачен пар загина во тешка сообраќајна несреќа која се случила доцна синоќа во штипската населба Македонка. Несреќата се случила меѓу возила југо и опел астра. Во југото на лице место од силниот удар починале возачот 68 годишниот Г.П. и 62 годишната сопатничка Ј.П.
Автомобилот Опел астра го управувал 20-годишно момче од Штип, кое се здобило со телесни повреди. Полицискиот увид треба да утврди кои се причините за несреќата.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
