Вести Најважни Свет

ЕУ даде зелено светло за ембаргото на увозот на руската нафта – со исклучок на нафтата во гасоводите

Лидерите на земјите членки на Европската Унија постигнаа договор за планот за блокирање повеќе од 2/3-тини од увозот на руската нафта.

Забраната ќе се однесува само на нафтата која доаѓа преку море а не и нафтата која се пренесува преку гасоводите, пред се заради заради противењето на Унгарија.

Ембаргото за увоз на руската нафта е дел од шестиот пакет санкции кој доби зелено светло на вонредниот самит на ЕУ во Брисел, откако сите 27 членки на ЕУ се согласија за негово усвојување.

Русија во моментов обезбедува околу 27% од нафтата која ЕУ ја увезува и 40% од гасот. За возврат, ЕУ на Русија и плаќа околу 400 милијарди евра годишно.

Досега, никакви санкции на увозот на рускиот гас не се воведени, иако отворањето на новиот гасовод од Русија до Германија, ткн Северен Поток 2, беше откажано.

Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, изрази задоволство од постигнатиот договор, оценувајќи дека опфатот на забраната ќе биде во реалноста поголем.

Шестиот пакет санкции на ЕУ беше најавен на 4-ти мај, но заради жестокото противење на Унгарија, која увезува 65% од нафтата за своите потреби, преку гасоводот Пријателство, и Словачка, Чешка и Бугарија, следуваше период на дебата, расправи и обид за пронаѓање компромис. Реалниот проблем на Унгарија наиде на разбирање кај дел од Европските лидери, кои инсистираа на брзо воведување на санкциите.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави победа за својата земја со постигнатиот договор. Зголемувањето на животните трошоци ширум Европа исто така не помогна за брзо усвојување на санкциите. Растечките цени на енергенсите исто така го намалија апетитот на некои земји членки на Европската Унија за санкции кои би можеле да им наштетат на нивните економии.

Никола Илиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Турски суд издаде налог за апсење на Нетанјаху

Kristina Kuzmanovski

Претставничкиот дом на САД гласаше за укинување на летно и зимско сметање на времето

Sonja Petrusevska

СДСМ: Дали Мицкоски и за ослободувањето на Груевски имаше чувство?

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе