Пожар избувна во поранешниот индустриски објект „Македонија Табак“ во Тетово. Според првичните информации, пожарот избил во магацинот на фабриката. Огнената стихија е огромна, а на помош на тетовските пожарникари се дојдени и од скопската пожарна а во операцијата на гаснењето учествува и полициски хеликоптери.
Засега не се познати причините за избувнување на пожарот, околу 9.30 минути наутро а за среќа нема повредени, известува дописничката на Телма од Тетово, Данијела Билбилоска.
Од магацините во комплексот на фабриката се вадат и повеќе материјали кои би можеле да се запалат и дополнително да ја засилат огнената стихија.
Но, чадот е толку голем што се апелира до граѓаните денеска и утре да не излегуваат непотребно од домовите, поради тоа што воздухот е загаден.
Прекината е наставата и во училиштата со цел децата да не бидат изложени на ризик.
