Вести Македонија Најважни

Енигма кој гради патека за трки со мотори кај Аквадуктот, надлежните разгледуваат можност за физичко обезбедување

Се уште не се знае кој гради крос патека за трки со мотори кај скопскиот Аквадукт , пет дена откако од О2 Иницијативата на Фејсбук објавија дека му се заканува девастација на древниот водовод од римскиот период.

По увидот на терен, Конзерваторскиот центар-Скопје, изготви извештај, дополнет со фотографии и го испратија до Управата за заштита на културното наследство. А, директорот за Телма вели дека сеуште не е откриен сторителот кој со изградбата на патека за трки со мотори би можел да предизвика вибрации, бучава и загадување на околината на Аквадуктот.

Не знаеме кој градел таму крос патека . Но, преземавме мерки согласно законот. Се разгледува можноста за физичко обезбедување на Аквадуктот . Имајќи предвид дека споменикот се наоѓа на земјиште кое 1/3 е во приватна, а 2/3 во државна сопственост, физичката заштита би била најбезболно решение. Но , ќе требаат средства за тоа, изјави Аријан Асланај, директор на Управата за заштита на културното наследство.

Со одлука на Владата од април минатата година, Аквадуктот  долг 386 метри и висок 16, 5 метри е прогласен за културно наследство од исклучително значење. А, надлежен за него е Град Скопје, од каде велат дека при инспекцискиот надзор не се затекнати сторителите.

Пристапено е кон собирање на затекнатите автомобилски гуми од патеката и истите се собрани. Земјата ќе биде расчистена со налог даден на ЈП „Улици и патишта“, во периодот што следи. Инспекторатот ќе врши постојан увид на објектот и доколку се пронајдат сторителите ќе биде постапено соодветно, изјавија од Град Скопје.

 

Од МВР велат дека до сега до нив не е испратено барање за физичко обезбедување на објектот или за истрага за откривање на сторителот кој планирал да гради крос патека за мотори на тоа место.

Поради кражба на материјалот вграден во столбовите, во 2019 година од Конзерваторскиот центар поднесоа пријава до непознат сторител бидејќи беа уништени 10 столбови од Аквадуктот, а полицијата го чуваше за да не дојде до негово целосно уништување. Во 2018 Владата обезбедени околу 18 илјади евра за изработка на проект за конзервација. Аквадуктот последен пат бил обновен по скопскиот земјотрес во 1963 година, а лани започна првата фаза од новата конзервација и реставрација.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Шекспир и Сервантес во фокусот на Денот на книгата во Скопје – предавања на евроамбасадорот Гир и шпанскиот амбасадор Гарсија на Филолошки

Дејан Дејан

Врховен во четврток со втора јавна седница по жалбата на Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања

Дејан Дејан

ДИК: Мирен изборен ден, гласаа 94 отсто од болните и изнемоштени лица, до 17 часот и над 50 отсто од пријавените во дијаспората

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе