Вести Култура Топ вести

„Триаголник на тагата“ ја освои „Златната палма“ на 75-тиот Кански филмски фестивал

„Триаголник на тагата“ ја освои златната палма на 75-тиот филмски фестивал Кански филмски фестивал. Станува збор за социјалната сатира на Рубен Остлунд со што тој по втор пат се закити со едно од најпрестижните филмски награди.

Фестивалот ја прогласи и корејската ѕвезда Сонг Канг Хо за најдобар актер за неговата изведба во филмот на јапонскиот режисер Хироказу Коре-еда „Брокер“. Филмот е приказна за едно корејско семејство кое бара дом за напуштено бебе. Сонг и е познат на јавноста по својата улога во филмот „Паразит“ на Бонг Џун Хо, односно добитникот на Златната палма во Кан пред три години.

Наградата за најдобра актерка ја доби Зар Амир Ебрахими за нејзината улога како новинарка во филмот „Светиот пајак“ на Али Абаси, вистински криминален трилер за сериски убиец кој ги таргетира сексуалните работници во иранскиот град Машхад. Филмот не смеел да се снима во Иран и наместо тоа е направен во Јордан. Прифаќајќи ја наградата, Ебрахими рече дека филмот прикажува „сè што е невозможно да се прикаже во Иран“.

Наградите беа избрани од деветчлено жири на чело со францускиот актер Винсент Линдон. Наградата на жирито беше поделена меѓу приказната за пријателство „Осумте планини“ на Шарлот Вандермерш и Феликс Ван Гренинген и „ЕО“ на полскиот режисер Јежи Сколимовски, за патувањето на магаре низ безмилосната модерна Европа.

Шведско-египетскиот режисер Тарик Салех го освои најдоброто сценарио во Кан за „Момче од рајот“, трилер кој се одвива во џамијата Ал-Азхар во Каиро. Овогодинешната награда за најдобар прв филм, „Златна камера“, им припадна на Рајли Киу и Џина Гамел за „Воено пони“.

Саботната церемонија го затвора Кан кој се обиде целосно да ја оживее годишната екстраваганција во Франција која беше откажана во 2020 година поради пандемијата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бојаџиевска: Дубравка Угрешиќ не можеше да ја поднесе бруталната комерцијализација на уметноста

Дејан Дејан

Бојмацалиев: Политичките партии да намалат со националистичка реторика

Дејан Дејан

Силјановска со најмногу донации, Пендаровски со најмалку

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе