Вести Култура Топ вести

Со ребалансот на буџетот во културата ќе се крати од непродуктивните трошоци и од програмите

Со ребалансот на буџетот кој во јуни се очекува да го помине собранискиот филтер , во културата ќе се кратат непродуктивните трошоци, програмите за работа и буџетот на самото министерство, кажа на денешниот брифинг министерката за култура Костадиновска- Стојчевска. Таа не кажа детали колку сретства ќе бидат скратени со ребалансот, со објаснување дека документот може да претрпи измени. Но, кажа дека се следи трошењето на одобрените пари за проекти за да се пренаменат, доколку се види дека не се потрошени, а се покажало дека има потреба од нив за друга намена.

За да не се крати од платите, зголемени согласно порастот на минималната, со ребалансот на буџетот, во културата на удар ќе бидат непродуктивните трошоци, некои од одобрените програми за работа, но и самиот буџет на Министерството за култура, кој изнесува 3 милиони и 200 илјади евра. Ова го кажа министерката за култура на денешниот брифинг со новинарите, без да прецизира детали , со објаснување дека документот може да претрпи измени.

  • Има кратења од секаде и од буџетот на Министерството за култура. Но, ќе следат кратења и од оние други финансирања кои што ние како министерство ги имаме на располагање. Сепак, јас се надевам дека тоа нема да се одрази врз културните настани и на нивото на културата што го имаме. Така што, како што напомена и министерот за финансии дека овие кратења се за да се задржат високите плати, високите примања. Да можеме да ги одржиме примањата на граѓаните во ова време на сите овие кризи- Бисера Костадиновска- Стојчевска, министерка за култура.

Иако министерот за финансии Бесими најави дека со ребалансот ќе се кратат над 97 милиони евра од капиталните инвестиции, за сега не е планирано намалување на средствата наменети за капиталните проекти во културата, чиј буџет е 8 милиони 715 илјади евра. Но, под лупа ќе биде трошењето на народните пари, издвоени за проектите одобрени со Годишната програма за култура.

  • По тие први исплати, после еден период почнавме да ги следиме трошоците. Да видиме каде можеме да го пренасочиме она што не се реализирало. Тоа не е некоја казна , туку она што не се реализирало да може да се пренасочи и онаму каде што има потреба од дополнителни трошоци- Бисера Костадиновска- Стојчевска, министерка за култура.

На брифингот министерката најави дека ќе се ревидира Националната стратегија за култура, донесена во 2017 година зашто на постоечкиот документ му истекува рокот на важење. Спомен куќата на Мајка Тереза на улица Македонија ќе се легализира, а се подготвува и ново решение за споменичниот комплекс Мајка Тереза , стациониран на плоштадот Македонија, за кое министерката не сакаше да открие повеќе. А, за спречување на трговијата со артефакти ќе се превземат законски решенија од САД.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Петнаесет работници загинале, 93 биле повредени на работни места лани

Дејан Дејан

Немало потреба од затворски притвор, таткото на Вања можел да се обезбеди и во куќен – Врховен ја објави одлуката

Дејан Дејан

Над 100 уапсени низ САД – се шират пропалестинските протести на американските универзитети

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе