Радост на небото радост на земјата, повторно сме во единство. Ова е пораката испратена од поглаварите на македонската и српската православна црква архиепископот г.г. Стефан и патријархот Порфириј на денешната заедничка литургија во храмот „Свети Сава“ во Белград.
Од денеска и официјално заврши расколот меѓу српската и македонската православна црква. По 55 години се одржа заедничка литургија „за помирување“ и канонско единство. Храмот „СветиСава“ беше претсен за илјадниците верници кои се појавија на утринската литургија која се водеше и на македонски и на српски јазик, и од македонските и од српските владици.
Раната е исцелена, ова е чудо божјо порача патријархот порфириј во своет обраќање Порфириј. Тој осврнувајќи се на спорот меѓу двете цркви кажа дека е човечки да се греши но грешката мора да се исправи и тоа е сторено.
Архиепископот г.г. Стефан пак истакна дека од денеска завршува две и пол вековната голгота на македонската црква и македонскиот народ . Тој најави дека МПЦ – ОА ќе продолжи да чекори по својот пат кон автокефалност . Побара од Саборот на СПЦ да ја донесе одлуката со која повеќедецениската тага ќе ја претворат во радост.
г.г Стефан: Ѝ благодариме на СПЦ што ја поздрави одлуката на Вселенската патријаршија
На литургијата поселеден пред верниците се обрати поранешниот македонски Владика а сега член на саборот на СПЦ , Јован Вранишковски, кој каѓа дека денешниот ден му е подраг од денот кога тој доби томос за автокефалност од СПЦ за неговата паралелена црква во Македонија и порача дека времето на расколи мора да запре.
Во Белград продолжува Саборот на СПЦ кој се оечкува да заврши до крајот на оваа недела и на кој се очекува да се донесе долго чеканата одлука – барање за автокефалност на Македонската Православна црква – Охридска Архиепископија кое потоа ќе се достави до Вселенската патријаршија во Цариград едниствена која може да томост за автокефалност.
Независно од одлуката на Саборот на СПЦ, архиепископот г.г. Стафан на почетокот на идниот месец ќе одржи заедничка литругија со вселенскиот патријарх Вартоломеј во седиштето на цариградската патријаршија во Истанбул.
Огнен Чанчаревиќ ја следеше литургијата во Белград
