Вести Култура

Премиера на „Народен непријател“ во МНТ за судирот меѓу моралот и профитот

Жртвувањето на човечкото здравје во интерес на профитот  , е главната тема во претставата „ Народен непријател“, чија премиера е вечерва на големата сцена на МНТ. Текстот на норвешкиот драматичар Хенрик Ибзен,  низ режијата на Нина Николиќ прозвучува современо како и во 1882 година, кога е напишан.

Колку сме ние способни да го жртвуваме своето здравје на некој начин, да го жртвуваме она што во секој случај ни е најважно, интегритетот, моралот, професионалноста, во име на тоа да бидеме прифатени од просечноста на општеството во кое живееме и да бидеме жртви на корумпираноста на системот, изјави Нина Николиќ- режисерка на претставата.

Претставата низ жанрот реализам ,зборува за обидот на доктор Стокман во изведба на Никола Ристановски, да ја спаси основаната бања, во чии води е откриена бактерија. Но, обидот ќе наиде на отпор од поширокото семејство, градоначалникот, градот и од независниот градски весник.

Доктор Стокман кој што во крајна линија е професионалец, што не е мала работа.Јас имам една голема теза на мал човек дека професионализмот е можеби највисокиот облик на патриотизам, рече Никола Ристановски како Томас Стокман.

Луѓето што ќе ја погледнат оваа претстава, ќе ја добијат целосната слика за тоа што значи во 21 век да си политичар, поготово во една држава каква што е Македонија, вели Благој Веселинов, како градоначалникот Питер.

Дејствието се одвива во сценски простор кој доловува дом, но и цевки од водовод, чија загаденост симболично ја прикажува контаминацијата на општеството со корупција, на сите нивоа. Претставата „Народен непријател“ е последен дел од сложениот проек „Патиштата на хероите“, чиј носител е МНТ. Проектот е подржан од програмата „Креативна Европа“, во рамките на повикот за културна соработка на Западниот Балкан.

Сотир Трајков

 

 

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Велипеток – најтешкиот ден во годината

Дејан Дејан

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе