Вести Македонија Најважни

Ковачевски потврди дека Македонија до лето ќе чека Бугарија да го тргне ветото за ЕУ

По 17 години кандидатски статус Македонија е подготвена да повлече линија кон ЕУ. Најавата на шефот на дипломатијата дека до лето ќе се чека земјите-членки на Унијата, со се Бугарија, да донесат одлука за старт на преговорите, во спротивно ангажманот во надминување на спорот веќе нема да и боиде во фокус, денеска ја зацементира премирот, Димитар Ковачевски.

„Секој процес којшто предолго трае и којшто во текот на тоа траење нема конкретен резултат станува процес во кој што се намалува довербата. Не зборувам за политичка доверба, туку зборувам за довербата од страна на граѓаните, од страна на оние кои што секогаш даваат силна поддршка на евроинтегративниот пат на државата. И изјавата на министерот Османи е токму во таа насока, дека конечно треба ЕУ да се одважи да го исполни своето ветување“, рече премиерот Ковачевски.

Дека очекувањата, но и односите меѓу двете земји се се помалку на нивото на кое беа пред само четири месеци, кога со големи очекувања и двете нови влади, и во Скопје и во Софија, влегоа во забрзан процесот за приближување на соработката и надминување на спорот, покажува и тоа што засега нема конкретен одговор дали на 24 мај двете земји заеднички ќе ги чествуваат Св. Кирил и Методи во Рим.

„24 Мај е во фаза на организација, ние ќе имаме наша делегација таму, нормално. а како ќе биде протоколот, тоа не е се уште финално утрвдено. ЈАс ќе бидам таму“, рече Ковачевски.

-На прашањето дали се уште не се знае уште дали чествувањето ќе биде заеднички со Бугарија, тој одговори:

„Јас знам дека јас ќе одам, со делегација од државата“.

Инаку пред само  една година, за да се покаже затоплување во односите меѓу двете земји и дека постои соработка, двајцата претседатели, македонскиот, Стево Пендаровски и бугарскиот, Румен Радев, не само што заедно се поклонија на гробот на Св. Кирил во Рим, туку и заедно со авионот на бугарскиот претседател отпатуваа таму.

Сепак и покрај се поизвесното ново „не“ од Бугарија, испорачано преку Брисел во јуни, за Ковачевски нема да значи дека земјава ќе го напушти европскиот пат, туку дека само повеќе ќе се фокусира на домашните задачи и јакнење на соработката со земјите-членки на Унијата.

Но освен со нив, Македонија ќе ја јакне и соработката со САД, за што за помалку од еден месец во Вашингтон ќе стартува старетешкиот дијалог меѓу двете земји, за кој во наредната недела ќе се дефинира тимот од македонска страна.

Иако двата процеси, завршувањето на едно поглавје на Македонија со Брисел и отворањето на ново со САД, доаѓаат во ист период, за Ковачевски тоа не значи и нивно сменување.

„За нас не постои замена за членство во ЕУ, затоа што, прво, ние сме дел од Европа. Што значи дека односите со ЕУ, со Брисел, но и со сите земји-членки се на  исклучително високо ниво. Такви ќе останат и такви ќе продолжат да бидат и во иднина“, рече Ковачевски.

Ковачевски за да го потврди ова најави дека идната недела ќе отпатува во Брисел на состанок со земјите од регионот.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фотогалерија)Европската Унија донираше нови возила на Државниот инспекторат за транспорт

Tea Dimkovska

Од 189 комунални возила само 76 во исправна состојба – ревизорите со најниска оценка за работењето на ЈП „Комунална хигиена“ Скопје

Tea Dimkovska

Цената на нафтата бележи нов скок поради нападите меѓу Иран и САД кои не запираат

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе