Лидерот на ДУИ нема ништо против средба со опозицијата, по повикот на опозицискиот лидер, да се седне на маса и да се разговара за предвремени парламентарни избори.
Вели дека, таа е дури и пожелна, особено за да се постигне консензус за преговорите со Бугарија.
Но, е против блокада на Собранието, што опозицијата ја најави ако не се постигне договор.
Таквите постапки, вели, не носат ништо добро и немаат ништо заедничко со демократијата.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
