Вести Најважни Свет

Зеленски: Русите сонуваат да ја окупираат Украина и други европски земји

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека верува оти мирот ќе се врати во Украина и покрај сегашниот жесток конфликт со Русија. Тој го кажа ова во обраќањето до Данска, на годишнината од ослободувањето на земјата од нацистичката окупација за време на Втората светска војна.

„Руската држава не е подготвена да ја запре војната. Тие сонуваат да ја окупираат Украина и другите европски земји. Тие сè уште сонуваат дека слободата на Европа ќе исчезне. Но, нивните соништа нема да се остварат. Сонот за мир ќе се оствари“, рече тој, пренесува Си-Ен-Ен.

„Исто како што се случи пред 77 години“, додаде тој.

Зеленски, чии изјави беа емитувани на јавните плоштади, предупреди дека она што се случува во Украина ќе има важни последици за остатокот од Европа. Тој го повика народот да се сети на 220 украински деца убиени во војната и дека Европа може да стави крај на пролонгирањето на таа ситуација.

„Украина сега одлучува за иднината на нашиот континент. Прашање е дали ќе имаме мир, не само ние, туку и нашите соседи. Никој не може да каже уште колку дена ќе трае оваа војна. Но, верувам дека се наближува нашиот ден на ослободување“, рече Зеленски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Демократите го блокираа предлог-законот за одбраната поради војната со Иран

Kristina Kuzmanovski

Александар Лазаров – Цуна кој избега преку прозорец од полициската станица во Кочани, уапсен е во Скопје

Дејан Дејан

Бугарија има најмногу болнички кревети на 100 000 жители – 870, каква е состојбата во Македонија?

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе