Во руските напади во источниот украински регион Доњецк во вторникот загинаа 21 цивил, а 27 беа повредени, изјави украинскиот регионален гувернер, пренесе Би-Би-Си.
Регионалниот гувернер Павло Кириленко рече дека бројката вклучува десет мртви во фабрика за кокс во градот Авдиивка.
Во објава на Фејсбук, Кириленко рече дека тоа е најголемиот дневен број на жртви во регионот по нападот на железничката станица Краматорск, во кој минатиот месец загинаа 50 луѓе.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
