Вести Македонија Топ вести

Собранието без програма за меморијални споменици

Никој не се грижи за подигањето меморијални центри во државата зашто со години Собранието нема донесено Програма за меморијални споменици, согласно законот, а причините за тоа не се јасни.

За ова веќе реагираа од Центарот за културно наследство, а можеше и да се заклучи по вчерашната посета на екипа на ТВ Телма на селото Слупчане-Општина Липково, каде во рамките на веќе изграден меморијален центар на загинатите борци на ОНА од воениот конфликт во 2001 година, беше отворена спомен кула.

За заобиколувањето на Собранието во постапката за донесување одлука  за изградба на меморијален центар, од кабинетот на претседателот Пендаровски велат дека било потребно да се почитува Законот за меморијални споменици и спомен обележја.

А, зошто согласно овој закон Министерството за култура до сега не испратило инспекција за да изврши надзор на постапката за подигање меморијален центар над Слупчане, од ресорот велат  дека до Секторот за управен и инспекциски надзор до сега не е поднесена пријава за да може тој да изврши вонреден надзор.

Градоначалникот на Липково, Еркан Арифи и денеска е недостапен да одговори кој донел одлука и дали врз база на донесена програма е подигната спомен кулата за загинатите броци на ОНА во 2001.

Одговор стигна од шефот на дипломатијата Османи, кој кажа и дека врвот на неговата партија- ДУИ присуствувал на отворањето, на покана на градоначалникот, а не како дел од партиски активности.

„Општина Липково, која според моите информации ги има запазено сите формални процедури за изградба на споменик во општината. Со одлука на Советот , со сите понатамошни одлуки за споменик , кој што е во рамки на локалната власт. И ние бевме поканети како гости од страна на градоначалникот на општината . И не гледам ништо спорно во тој дел“ – вели Бујар Османи.

За изјавата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети дека отворената спомен кула треба да нѐ обединува, а не да нѐ дели, кажана вчера на свеченоста, реагираа од Одборот на македонски бранители од воениот конфликт во 2001.

  • Не само што не го обединува народот, односно македонските граѓани, туку длабоко ги разединува. Во овој случај бркнаа во окото на македонскиот народ и бранителите се до крај револтирани. Прашањето е, зошто државата и институциите не реагираат на еден ваков настан, каде што евидентно е по сите норми дека  се покажува екстериторијалност“ – вели Марин Најдов, Претседател на одборот на бранители на Македонија.
  • Гледам. Солзите сами ми течат. Солзите ми течат зашто тие се прават бранители и велат дека се бранители. Нашите деца што се? За кого загинаа? Наша е оваа држава, Македонија“ – порача Убавка Петрова, мајка на загинатиот бранител, Влатко Петров.

Спомен кулата е висока 20 метри. Во неа се вложени 210 илјади евра, а ја изгради фирмата Хоџа Инженеринг.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Започна исплатата на социјална помош по најавата дека ќе доцни

Дејан Дејан

Мундијалот низ бројки, англиските клубови со најмногу фудбалери на СП

Дејан Дејан

Се намалуваат цените на ПАП и ХПВ-тестовите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе