Вести Економија Топ вести

Синдикат на контролори на летање – Забраната на нашиот штрајк е преседан од кој ќе трпат и другите

Опасен правен преседан кој во иднина може да им го ограничи правото на штрајк на вработените во сите фирми е пресудата на Апелациониот суд Скопје, со која конечно им го забрани штрајкот на контролорите на летање, реагира нивниот синдикат.

Според пресудата на Апелација, се потврдува забраната за штрајкот во М-НАВ поради тоа што нема конкретни барања од работен однос, немало постапка за помирување и дека Струковиот синдикат на контролори на летање нема правен легитимитет да организира и спроведува штрајк, затоа што е подружница на Независниот синдикат на работниците од сообраќајот и врските, па легитимитетот е во тој синдикат.

Контролорите сметаат дека со тоа се ограничува правото на штрајк на ниво на фирма, затоа што на пример во една фирма има проблем и работниците сакаат да штрајкуваат, но не и сите фирми од таа индустрија.

  • „Преку оваа пресуда се воведува една пракса преку која се забранува едно уставно загарантирано право од член 38 од Уставот, а тоа е правото на штрајк на синдикални организации, односно се смета на тоа дека во државата сите ќе можат, дури и поединци да организираат штрајк, само синдикални организации на ниво на работодавач нема да имаат право тоа повеќе да го прават. Сосема е нефункционално, ако ние имаме проблем на ниво на работодавач, да бараме гранката којашто има синдикални организации и од ТАВ, или од Телеком или ЈСП или од други компании, тие да штрајкуваат за нашите проблеми. Ако ние имаме проблем, другите го немаат, сосема е лудо ние да бараме тие да реагираат и да ги решаваат нашите проблеми“, вели претседателот на Синдикатот на контролори на летање Александар Тасевски.

Тие најавија дека ќе се жалат пред Врховниот суд, а ако треба и на Стразбур.

Тензиите меѓу М-НАВ и синдикатот на контролори на летање започнаа со најавата за петчасовен генерален штрајк во октомври минатата година, со кој ќе се затвореше македонското небо поради барања за подобри услови и департизација на институцијата.

Од синдикатот обвинуваат дека раководство прави нова систематизација за вработување на несуштински кадар, наместо контролори на лет, конкурс кој не се реализира и ќе пропадне.

Граѓанскиот суд во Скопје го забрани штрајкот, но таа одлука падна на Апелација. М-Нав потоа поведе судска постапка со која бара да се утврди дека синдикатот на контролорите нема право самостојно да настапува и да организира вакви активности. Граѓанскиот суд го забрани штрајкот, а сега и Апелација ја потврди таа одлука.

Срѓан Стјанчов

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Затворскиот предмет на Стевче Јакимовски во Кривичен суд

meteo

Судски совет остана без еден член, Црвенковска замина во пензија шест месеци пред да и заврши мандатот

Дејан Дејан

Според Рокас нон-пејперот не ги исклучува уставните измени

meteo

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе