Вести Македонија Топ вести

Македонските професори се 12 пати помалку цитирани од хрватските, a заостануваат и зад српските и словенечките

Состојбата е загрижувачка и таа се влошува од година во година, вели професор Бојаџиев, претседател на платформата за академско рангирање на универзитетите во Балканскиот регион врз основа на цитираност на Google Scholar.

Ова го покажуваат последните извештаи за состојбата на високото образование и научно-истражувачката дејност. Најцитирани се научниците во областа на медицината и тие ја носат најголемата предност на УКИМ, потоа техничките науки, ФЕИТ , ФИНКИ И Хемија, вели професор Бојаџиев.

На настанот присуствуваа и најцитираните македонски научници д-р Сашко Кедев и д-р Веланд Рамадани.

„Нашиот најголем универзитет има помалку од 400.000 цитати. Загреб има 4 и пол милиони, тоа е разлика 1 :12, Белград има 2 и пол милиони цитати. Значи треба да најдеме начин да ги канализираме сите напори и тоа да почне да вродува со плод. И да не изумам ситуацијата всушност се влошува од година во година. Ние сега имаме пораст на цитирање од 7 -8%  годишно, Крагуевац и Ниш имаат по 25 %, “, рече проф. д-р Марјан Бојаџиев, претседател на АРБУ

„Многу е значајно јавно да ја видиме реалната ситуација за која постојано тврдиме дека е лоша и се докажува дека е лоша и ние тука мора да преземеме одредени чекори за тоа да се подобри. Науката е од исклучително значење за развој на општеството. Како ќе подобриме со тоа што носиме нова законска регулатива и обезбедуваме доволно средства за имплементација на таа законска регулатива. Само за споредба 2022 година за наука биле одвоени околу 380 милиони, оваа година 773 милиони, значи над 770 милиони“ , рече Весна Јаневска, министер за образование и наука

„За жал за нас е поразително кога гледаме некои центри од регионот се подобро рангирани. Нормално е да очекуваме  дека Загреб, Белград и Љубљана се напред, меѓутоа би ве потсетил во здравствената дејност македонското здравство во 50-тите години кога е формиран Медицинскиот факултет било пред здравството и во Белгрaд и во Загреб и во Љубљана“ , рече проф. д- р Сашко Кедев.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Затворскиот предмет на Стевче Јакимовски во Кривичен суд

meteo

Судски совет остана без еден член, Црвенковска замина во пензија шест месеци пред да и заврши мандатот

Дејан Дејан

Според Рокас нон-пејперот не ги исклучува уставните измени

meteo

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе