Вести Македонија Топ вести

Според Рокас нон-пејперот не ги исклучува уставните измени

По нон-пејперот на Германија и на Франција за забрзување на проширувањето на Европската унија, со друг документ се бара на идните земји членки да им се ограничени правото на глас и создавање на поголеми заштитни мерки за владеење на правото. Меѓу петте држави се и Франција и Германија, како и Холандија, Белгија и Луксембург.

Во документот, кој го објави „Ројтерс“ се наведуваат можните опции кои би биле дел од идните договори за пристапување, меѓу кои  нов механизам за следење и заштитна клаузула за преземање мерки во случај на сериозно назадување во демократијата и слободата на медиумите.

  • „ЕУ треба да води длабинска дискусија за можноста за привремени, преодни ограничувања на правото на глас за новите земји-членки, особено во делови од законодавството на ЕУ каде што е потребна едногласност“, стои во нон-пејперот на Франција, Германија, Холандија, Белгија и Луксембург.

Притоа во документот конкретно се посочуваат одлуките за проширување, надворешна политика и буџетот на ЕУ за кои е потребна согласност од сите земји-членки.

И додека највлијателните членки прават планови за проширување, но и како да се заштитат од новите членки при носењето на одлуки, евроамбасадорот Михалис Рокас, денеска појасни дека нон-пејперот на Франција и Германија за Македонија во контекст на земјава би значело прво уставни измени на потоа реализација на чекорите предвидени во документот.

  • „За мене, начинот на којшто јас го читам тој нон-пејпер, иако не сум експерт за толкување на нечии други документи, е дека вие прво  треба да ги усвојите уставните измени, бидејќи преговарачката рамка е договорена во 2022“, изјави Рокас.

За Акцискиот план за правата на малцинствата за кој премиерот, Христијан Мицкоски, рече дека иако е изработен со експерт испратен од Европската комисија, Бугарија од непознати за него причини, не го прифаќа, Рокас со став дека во моментот тоа е тековен процес и дека секогаш постои простор за подобрување на текстот.

  • „Во моментот тоа е тековен процес и до овој момент ние сме задоволни што имаше јавните консултации и сите граѓанските организации и други учесници коишто беа во можност да учествуваат и да ги поднесат своите амандмани и барања и тоа е многу добар демократски процес“, изјави Рокас.

Во контекст за надминување на проблемот со Бугарија, но и по средбите на Мицкоски со челниците на Германија и Франција во Тиват, по кои рече дека е многу задоволен во контекст на продолжување на македонските евроинтеграции, попладнево во Софија претседателката Гордана Сиљановска Давкова ќе се сретне со бугарската претседателка, Илијана Јотова.

Не се откриваат детали за средбата и дали ќе има изјави по неа. Ова е втора посета на Давкова како претседателка на Македонија. Првата средба ја имаше со претходникот на Јотова, Румен Радев, со кого премиерот Мицкоски рече дека само од култура се поздравиле на самитот во Тиват.

Тамара Грнчароска

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Затворскиот предмет на Стевче Јакимовски во Кривичен суд

meteo

Судски совет остана без еден член, Црвенковска замина во пензија шест месеци пред да и заврши мандатот

Дејан Дејан

Македонските професори се 12 пати помалку цитирани од хрватските, а ситуацијата се влошува секоја година

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе