Вести Економија Македонија Топ вести

Започна исплатата на социјална помош по најавата дека ќе доцни

Започна исплатата на социјална помош откако претходно Министерството за социјална политика, демографија и млади најави дека таа ќе доцни овој месец и дека е потребно граѓаните од оваа категорија да се стрпат.

„Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска 10 Јуни 2026 година започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец мај 2026 година. Kорисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. Исто така, и корисниците кои не користат картички од денеска ќе можат да ги подигнат своите средства во сите отворени филијали и експозитури на банките“, стои во соопштението на Министерството. 

Инаку претходно од Министерството како проблем за доцнење на социјалната помош го наведоа имплементирањето на новото софтверско решение каде се појавиле непредвидени работи. Според последните податоците од статистика во Македонија социјална парична помош примаат околу 38 илјади домаќинства односно над 110 илјади лица. Според Уставот, Северна Македонија е дефинирана како социјална држава, која е должна да обезбедува социјална сигурност и социјална правда за своите граѓани. Оттука, редовната и навремена исплата на социјалната парична помош претставува законска и уставна обврска на државата кон граѓаните кои зависат од оваа поддршка за задоволување на основните животни потреби.

Т.Д.

Ќе доцни социјалната помош, од министерството ги замолуваат граѓаните да се стрпат

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Загинаа 13 лица откако Пакистан го нападна Авганистан

Дејан Дејан

Во израелски воздушни напади во Јужен Либан убиени 17 лица

Дејан Дејан

Мундијалот низ бројки, англиските клубови со најмногу фудбалери на СП

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе