Забава Магазин

Стан во Аеродром-награда за семејството Фезуљи од Тетово во инстант игра на Државна лотарија

Зулкадер Фезуљи од тетовското село Пршовце е петтиот добитник на стан во Скопје од инстант лозот Доме, сладок доме. Станот, со големина од 83 m2 и гаража од 21 m2, е во вредност од 6 417 919 денари (со сите вклучени давачки, данок на имот, трошоци за пренос и др.), а се наоѓа во една од најубавите скопски населби – Аеродром. Со радост споделуваме и за убавата средба со среќните добитници.

Имено, по завршување на процедурата околу целосната документација за предавање на станот, се упативме кон среќната зграда на улица „Методија Шаторов Шарло“. Разгледувајќи го станот, покрај добитникот Зулкадер, најсреќна беше и неговата ќерка Анеса. Во разговорот со нив, ни ја пренесоа позитивната енергија и возбуда.

Зулкадер честопати ја предизвикува среќата со инстант лозови наДржавна лотарија, и тоа секогаш од продажното место на Државна лотарија што се наоѓа во трговскиот центра Палма мол во Тетово, каде што Зулкадер е и вработен.

Со задоволство се навративме на среќниот ден, Зулкадер ни раскажа дека во друштво на колегите купил три инстант лоза Доме сладок доме, но решил да ги изгребе дома со сопругата и ќерката. Бројот 37 на еден од лозовите Доме сладок доме ги одведе до главната премија. Првата реакција била шок и неверување, по што веднаш се упатиле до продажното место на Државна лотарија каде што ја потврдиле добивката. Следувале бројни повици и честитки од неговите колеги во Палма мол.

Државна лотарија, на семејството Фезули му посакува среќен, хармоничен и исполнет дом, а ние ги очекуваме новите среќни приказни.

Инстант лозот „Доме слатки доме“ на Државна лотарија е по цена од 100 денари, а главната награда е стан. Досега се доделени 5 станови.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Францускиот актер Жерар Депардје (75) е приведен поради обвинение за сексуален напад, пишуваат француските медиуми

Дејан Дејан

Мерка за заштита на градот – туристите од денеска ќе плаќаат пет евра за влез во Венеција

Дејан Дејан

(Видео) Крвави коњи на британската кралска гарда приредија хаос во Лондон

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе