Вести Македонија Најважни

Маслото за јадење од штипски „Брилијант“ со нова цена – се продава по 135 денари

Маслото за јадење од штипски „Брилијант“ е со нова цена на рафтовите. Едно шише во продавниците се продава по 135 денари и со оваа цена се изедначи со цената на останатите македонски производители на зејтин.

Коста Ташков директор на фабриката „Брилијант“, која е дел од компанијата „Витаминка“  вели дека новата цена е резултат на покачувањето на суровината.

Новото сурово масло, кое е набавено од Бугарија, Романија и  Украина е со цена од околу 2.200 евра за еден тон, а пред три до два месеца  суровото масло на светските берзи се движело од 1.200 до 1.500 евра за тон.

Прашан дали ќе има нови зголемувања на цената на маслото за јадење, Ташков со одговор дека тоа се ќе зависи од цената на светската берза. Смета дека во моментов кризата со зејтинот се смирува, поради увозот  од соседна Србија. Апелира граѓаните да не прават залихи во своите домови, инаку според анализите  македонските граѓани месечно трошат околу два и пол милиони шишиња.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран го нападна Јордан

Kristina Kuzmanovski

Сообраќјна несреќа на автопатот Тетово-Скопје, километарски колони на возила и голем застој

Kristina Kuzmanovski

Трамп се откажа од 20-процентната такса за бродовите во Ормускиот Теснец

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе