Вести Македонија Најважни

Во градинките речиси нормално, во училиштата има повеќе деца

Во градинките од утрово, по прекинот на штрајкот, повеќе деца се згрижени отколку за време на штрајкот.

Според првичните информации, состојбата е нормализирана и многу повеќе деца се донесени во детските градинки во Скопје, а нив ги примаат воспитувачките кои го прекинаа штрајкот.

Повеќе деца има и во основните училишта особено во првите три одделенија каде покрај наставата, учениците се згрижуваат во дневен престој.

Во училиштата и натаму нема настава откако СОНК донесе одлука да не ја прифати понудата од 12% зголемување на платата.

Министерот за образование Јетон Шакири пак ги повика наставниците да ги прифаќаат учениците, а родителите да ги носат своите деца во школо.

Сепак од нормализација се уште е далеку. Најголем проблем имаат матурантите и деветооделенците бидејќи потребни им се документи за запишување во факултет односно средно училиште, а уписите по распоредот треба да почнат наскоро.

Од друга страна, засега не е јасно како и дали воопшто ќе се надополнуваат изгубените часови. Исто така нема предлог-решение ниту за учениците кои се во дневен престој и за кои родителите плаќаат по 1500 до 1700 денари за оброк. Не се знае дали добавувачите ќе се откажат од средствата за оброците додека трае штрајкот, дали ќе ги плати училиштето или пак ќе мора да си ги платат родителите без разлика што услугата не е испорачана.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Последен ден за договор за Изборниот законик

Kristina Kuzmanovski

Фон дер Лајен денеска во Киев, најави иницијативи за соработката меѓу европската и украинската одбранбена индустрија

Kristina Kuzmanovski

Во јуни загинаа најголем број украинските цивили од април 2022 година

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе