Вести Свет

Макрон освојува втор мандат со 58% од гласовите, Ле Пен заостанува за повеќе од 10%

Актуелниот претседател Емануел Макрон и лидер на партијата Република во движење го освои и вториот мандат на денешните избори во Франција.

Според првите резултати, за Макрон гласалае 58% од граѓаните, наспроти неговата противкандидатка, лидерката на есктремната десница Марин Ле пен, која освои 42% од гласовите.

28% од гласачите не гласале на овие избори, според Ипсос, што е најголемата апстиненција од 1969-та година.

Иако навидум очекувана, сепак ова е драматична победа на Макрон, со оглед на тоа што Ле Пен во првиот круг од изборите сериозно ја зголеми својата предност, а со тоа покажувајќи ја поделеноста во Франција, која никогаш не ги поддржувала десничарските партии. Исто така е и историска победа, бидејќи Французите не поддржале претседател за два мандата повеќе од 20 години, а ниту еден претседател не е избран повторно и со мнозинство во Парламентот. Само тројца претседатели во Франција се избрани по вторпат, Шарл Де Гол кој владееше од 1959 до 1969-та година, Франоса Митеран од 1981-1995, и последен Жак Ширак од 1995- 2007-ма.

Ова беше и најдобра шанса за лидерката на десничарската партија Национален Собир, конечно да победи и да влезе во Елисејската палата, но сепак тоа не се случи. Нејзината кампања беше смирена овојпат, а фокусот и беше на зголемените трошоци за живот што најмногу ги привлече гласачите.

Макрон во кампањата се вклучи на осум дена пред изборите во првиот круг, што предизвика обвинувања за ароганција. Но, кога излезе, избирачите јасно го слушаа, и одлучија да го изберат европскиот пат.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Последен ден за договор за Изборниот законик

Kristina Kuzmanovski

Фон дер Лајен денеска во Киев, најави иницијативи за соработката меѓу европската и украинската одбранбена индустрија

Kristina Kuzmanovski

Во јуни загинаа најголем број украинските цивили од април 2022 година

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе