Вести Македонија Најважни

Официјална Софија: Руски шпиони се занимавале со македонско- бугарските односи.

Односите меѓу Македонија и Бугарија биле обработувани од страна на трите лица за кои Бугарија покрена истрага дека се руски шпиони.

Две од нив се вработени во Државната агенција за национална безбедност на Бугарија и едно во министерство, за кое засега се знае само дека не е МВР. Потврда за наводите кои вчера ги изнесе  бугарскиот премиер, Кирил Петков, дека цел на откриените руски агенти биле и бугарско-македонските односите, потврди денеска шефицата на специјализираното обвинителство на Бугарија, Валентина Маѓарова.

„Со дејствија превземени вчера претставници на специјализираното обвинителство заедно со истражителите презедоа активности со државната агенција за национална безбедност. Станува збор за случај, кој вие ќе го наречете шпионажа. Случајот е разоткриен благодарејќи на агенцијата за национална безбедност. Станува збор за кривични дела од глава еден, дела против републиката и затоа сите дејствија се строго доверливи, “ објасни Валентина Маџарова, раководител на специјализираното обвинителство во Софија

Истрагата има докази дека трите лица оперирале и по односите на Бугарија со Северна Македонија.

Обвинителката призна дека е можно осомничените да имаат врска со некоја од постарите шпионски групи кои биле откриени во Бугарија.

Обвинителството дознава дека потенцијалните шпиони информациите не ги споделувале на лични средби туку преку технички средства.

Прв веста ја објави бугарскиот премиер, Кирил Петков изјави дека руски агенти во Бугарија, работеле против добрите односи меѓу Скопје и Софија.

Петков соопшти дека доста голема „руска дијаспора сочинета од агенти“ која се формирала во Бугарија работат на различни интереси, а еден од фокусите бил да нема европска иднина за Западниот Балкан.

Првата реакција засега од македонска страна е ставот на претседателот Стево Пендаровски кој и верува на бугарската страна.

Владата на нашата земја, пак, очекува случајот да го расветлат бугарските истражители, додека агенцијата за разузнавање од македонска страна нема јавна објава дели оваа или друга група шпиони дејствувале и од оваа страна на границата.

Ова е втор ваков скандал за еден месец во Бугарија. На втори март, бугарското контра-разузнавање откри резервен генерал кој шпионирал за Кремљ.

Како одговор, бугарските власти протераа двајца руски дипломати.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во јуни загинаа најголем број украинските цивили од април 2022 година

Дејан Дејан

Франција повторно падна во полуфинале против Шпанија

Sportska Redakcija

Илон Маск веројатно го прекршил законот давајќи им на гласачите 1 милион долари – утврди изборната комисија во Висконсин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе