Вести Македонија

Села реизбран за претседател на партијата, дел од членството му го оспорува изборот, тврдат дека нелегитимен

Досегашниот лидер на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, ќе ја води партијата и во следните 4 години. Тој ја доби довербата на мнозинството од делегатите на денешниот втор партиски конгрес. Беше избрано централното собрание и беа усвоени статутарни измени за како што велат, да бидат поефикасни и поорганизирани во пресрет на изборите. Новата платформа на партијата предвидува еднаквост во државата и уставни промени, рече Села.

 Со реакција дека изборот на Села е нелегитимен, излезе Љатив Арифи, кој вели дека е еден од основачите на партијата. Тој вели дека е прекршен статутот на партијата, дека ова е негов трет мандат.

Како одговор на реакцијата на Арифи, Села вели дека секој има право на свое мислење и истакна дека ова е втор конгрес на партијата и не може да биде негов трет мандат.

Инаку вториот конгрес на партијата се одржа под мотото „Избери иднина со Алијанса за Албанците“.

 

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Приведени осуммина кај кои полицијата пронашла дрога

Дејан Дејан

Во село Лабуништа пронајден човечки череп

Дејан Дејан

Димитриевски: ЗНАМ не е создадено за да биде дел од старите политички матрици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе