Вести Македонија

„Меѓаши“ ја осуди злоупотребата на кочанските ученици во промовирање на фирма која ја загадува животната средина

Детската амбасада „Меѓаши“ од Скопје даде целосна поддршка на граѓанската иницијатива против аерозагадувањето во Кочани и ја осудува злоупотребата на децата во активности што се поврзани со промовирање на субјекти кои ја нарушуваат животната средина.Претседателот на детската амбасада Меѓаши, Драги Змијанац доцна попладнево во Кочани го стави својот  потпис на петицијата со која ќе се бара поддршка од странските амбасади и други меѓународни институции против континуираното загадување на воздухот во кочанскиот регион.

-Правото на живот е елементарно право што го има секое дете, а со оглед на состојбата во Кочани и со еден од загадувачите кој ги труе граѓаните и децата, сметаме дека оваа иницијатива треба да биде целосно поддржана. Истовремено, изразуваме револт и згрозување поради тоа што деца беа изманипулирани и злоупотребени на акција за пошумување, а на кои им се поделени маици од главниот загадувач. Сето тоа во спрега со локалната самоуправа е сосема неодговорно, поради што сме разочарани и моравме да реагирам, вели Змијанац

Посочи  дека за решавање на загадувањето во Кочани мора многу поактивно да се вклучат Министерството за животна средина и Државниот инспекторат за животна средина. Доставиле  и до Комитетот за правата на децата , оттаму се очекуваат препораки што ќе бидат обврзувачки за целата држава, со што ќе се направат притисоци за да се подобри еко-сферата.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Пронајдена поголема количина кокаин – маж од скопски Брест лишен од слобода

Дејан Дејан

Осомничениот за нападот во Берлин е застрелан од полицијата во момент кога сакал да нападне со остар предмет

Дејан Дејан

(видео) Харис и Кемал се единствените преживеани на Елбрус – загинаа петмина планинари од БиХ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе