Дискриминирачка е одлуката право на бесплатен јавен превоз да имаат само средношколците во државните средни училишта и студентите на државните универзитети реагираат голем број родители, ученици и студенти. Веќе неколку години наназад народниот правобранител по поднесени претставки реагира за ваквата дискриминацијар по основ на статус во образовниот процес, но молк од ЈСП, Град Скопје и Советот на град Скопје.
- Укажавме на тој податок дека обврзници на плаќање на определен придонес, данок или такса се јавуваат сите граѓани без разлика на тоа дали детето на определен граѓанин е запишано на државен факултет или државно училиште, или приватен факултет или приватно училиште, односно сите плаќат подеднакво во зависност од пропишаните норми, но не ја добиваат подеднакво и потребната услуга, вели за Телма Васка Бајрамовска Мустафа, државен советник во канцеларијата на народниот правобранител
На ваквата одлука реагира и советничката Јанчева при Советот на Град Скопје. Тоа беше предизборно ветување на Арсовска и ред е да го исполни тоа што го ветила, вели Јанчева.
- Тоа го поставив и како советничко прашање на тоа е што се уште немам добиено одговор, а рокот тече за добивање одговор на прашањето: Што правиме со предизборното ветување на градоначалничката дека ќе субвенционира бесплатен превоз и за средношколците од приватните училишта. Значи моите контакти како советник со граѓаните е дека тие прашуваа, ја прашуваат Арсовска и на тој 24 часовен меил и телефон од кога е таа градоначалничка, меѓутоа барем за писмениот дел не добиваат одговор за сега, изјави Љубица Јанчева, Совет на град Скопје
Град Скопје ја префрла топката на Владата.
- Проблемот е суштински и се однесува на потреби од законски измени и носење на одлуки на Владата. Во моментов во македонското собрание има иницијатива за Предлог на измени на Законот за средно образование за да се овозможи еднаков статус на сите средношколци. Во исто време, за студентите дотации дава Владата, со наменски средства од Министерството за образование и само таа може да донесе одлука за еднаков третман на студентите без разлика на кој универзитет студираат.
Бесплатното возење со автобус започнува утре, мерка со која се опфатени пензионерите, средношколците, студентите на додипломски студии и лицата со попреченост.
Нина Стефанова
