Урбаната акција: Да не ја преспиеме промената на ДУП-от, со порака до граѓаните – поднесете претставка – е креирана во знак на поддршка на граѓаните и граѓанските активисти од Влае кои во последниве неколку недели активно се борат да го спречат донесувањето на новиот ДУП кој неколкукратно ќе го зголеми бројот на жители и ќе уништи добар дел од јавниот простор и јавното зеленило во Влае (просторот помеѓу Порта Влае, бул. Партизански одреди, реката Вардар и Хром).
Имено, новиот ДУП за делот Влае 2, веќе еднаш бил донесен во претходниот мандат на градоначалникот Стевче Јакимовски, а во 2018 г. е укинат од страна на Уставниот суд, но сега повторно се подготвува да биде оперативен и ставен на гласање пред советниците во Општина Карпош..
Со новиот ДУП се предвидуваат згради од 10 ката на просторот на некогашно кино Влае, како и улица пред основното училиште „Димо Хаџи Димов“.
Иницијатор на оваа урбана акција е Центарот за современи уметности.
