Општина Битола остана без дел од надлежностите врз најголемата битолска градинка „Естреја Овадија Мара“.
Министерството за труд и социјала денеска ги одзеде ингеренциите од локалната самоуправа затоа што Советот чие мнозинство е предводено од ВМРО-ДПМНЕ, не изгласа член на Управниот одбор од редот на вработените во установата со која раководи директор назначен од претходната локална власт на СДСМ.
На две седници со ред точката не беше ставена на дневен ред, а на 9 седница беше ставена на дневен ред, но не беше изгласана. Со тоа беше блокирана работата на установата, вели Лидија Тфирст Митровска, директор на ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара“.
Претходно Советот не ја усвои програмата за работа и годишниот извештај за оваа градинка, за што ресорното Министерство на 4 март испратило писмено укажување до Општината , со рок за постапување и отстранување на недостатоците кои што ја блокираат работат на установата
Се обративме веднаш по насока од инспекцискиот надзор со прашање во кој дел не им се допаѓа програмата, каде треба да се коригира и што треба да се направи, но досега не добивме одговор зошто тоа не е изгласано, вели директорката на градинката.
Ова прв случј на општина во државата која губи ингеренции во една градинка.
Иако побаравме, од Општина Битола нема одгвор за решението со кое наместо локалната самоуправа, Министерството ќе избира и разрешува членови на Управниот одбор во најголемата битолска градинка, со 9 клона, капацитет за грижување на околу 900 деца и 130 вработени.
Емилија Мисирлиевски
