Вести Македонија Најважни

Македонија бара ЕУ сериозно да се позанимава со стартот на преговорите со земјава

Македонија бара од Европската унија нејзините европски аспирации и старт на преговорите конечно сериозно да бидат земени предвид. Во услови на безбедносна и економска криза со која се сочува Европа поради руската инвазија на Украина, шефот на македонската дипломатија Бујар Османи, и од министрите за надворешени работи на Европската унија, но и од европратениците денеска побара неодложен старт на преговорите за земјава. Тој притоа ги потсети на едногласната одлука на Европскиот совет за страт на преговори со земјава во 2020 година, но и дека од тогаш до денес земјата не е мрдната од место.

„Оваа вонредна ситуација на европскиот континетн со сета своја суровост покажува дека мора да се внесе нов динамичен ритам на патот на Западниот Балкан кон ЕУ. Не треба да има простор за двоумење кон оние земји кои подготвенос е придружија кон заендичките европски вредности, принципи и стандарди. Земјите членки на Еу мора да направат заеднички напори и да изградат консензус и неодложнода ги почнат пристапните преговори со северна Македонија и Албанија“, рече Османи во европскиот парламент.

Османи притоа во Комитетот за надворешна политика на Европскиот парламент рече дека со Бугарија течат разговорите за надминување на отворените прашања меѓу двете страни, за кои пак известувачот за земјава во парламентот, европратеникот, Илхан Ќуќук, беше поконкретен во која насока се движат.

„Силна импресија во мојот извештај е за улогата која ја игра Северна Македонија во билатералниот спор со Бугарија. Секако гледам позитивен момент кој доаѓа од двете страни. Гледам и волја и посветеност од Скопје да испорача на т.н. четири плус едно“, рече Илхан Ќуќук, известувач за Македонија во ЕП.

Тој притоа повика да се искористи ваквиот позитивен момент и македонската приказна во ЕУ да биде позитивна.

А за европската приказна за земјава од Софија повторно стигна истата порака – „да“ за евроинтеграрањето, но само ако се исполнат некои барања.

„Некои работи треба прво да бидат решени, како почитувањето на Бугарите во Северна Македонија. Ние имаме патоказ и многу добра комуникација со владата на Северна Македонија и се надеваме дека брзо ќе се придвижиме напред“, изјави Петков во интервју за грчки „Катимерини“.

За разговорите со Софија, и македонскиот премиер со веќе познатата реторика – нова комуникација меѓу двете влади која треба да ја зголеми довербата.

„Во однос на разговорите со Република бугарија и за другите прашања тие се водат на ниво на МНР и кога ќе има одредени резултати односно документ кој што е прифатлив за двете страни тој ќе биде споделн и со онституциите и со јавноста. Со тоа сметам дека односите меѓу Р Македонија и Р Бугарија се унапредени во однос на тоа што беа претходно“, изјави македонскиот премиер, Димитар Ковачевски.

А за тоа во која фаза се разговорите меѓу двет земји можеби ќе стане појасно по посетата на бугарската шефица на дипломатијата, Теодора Генчовска, чија посета на Македонија е најавена дека треба да се случи в среда, иако од МНР денеска не го потврдија тоа. Средбата Османи – Генчовска треба да биде политичка потврда на досега договероното на техничко ниво меѓу двете министерства околу политичките прашања без кои Бугарија нема да даде зелено светло за земјава за старт на преговорите.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во јуни загинаа најголем број украинските цивили од април 2022 година

Дејан Дејан

Франција повторно падна во полуфинале против Шпанија

Sportska Redakcija

Илон Маск веројатно го прекршил законот давајќи им на гласачите 1 милион долари – утврди изборната комисија во Висконсин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе