Вести Македонија

Од модна ревија, на фудбалски натпревар – децата со Даунов синдром го прославуваат 21. март

Денес во Кавадарци, во организација на Фудбалскиот клуб Карпошово од Скопје и општина Кавадарци, децата со Даунов синдром од повеќе градови ќе го одбележат Светскиот ден на лицата со Даунов синдром со пријателски фудбалски натпревари. Вчера тие беа дел од манифестацијата „Убави сме, свои сме“ во Струмица.

Сузана Стојановска од здружението „Доза среќа“ од Скопје вели дека денес Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, наместо во Скопје, ќе го прослават во Кавадарци, и тоа, во духот на спортот.

Таа и десетина деца со Даунов синдром од Скопје сабајлево тргнаа за Кавадарци каде што ќе бидат дел од спортските настани во организација на Фудбалскиот клуб Карпошово од Скопје и општина Кавадарци.

Таму децата ќе одиграат неколку фудбалски пријателски натпревари, а ќе има и атлетика.

Значи, сѐ ќе биде во духот на спортот, откако вчера, во Струмица, децата со Даунов синдром прошетаа на модна писта како дел од настанот „Убави сме, свои сме“, кој годинава го прослави своето петто јубилејно издание во организација на здружението „Вера“, пишува веб-порталот „Мајка и дете“’.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Приведени осуммина кај кои полицијата пронашла дрога

Дејан Дејан

Во село Лабуништа пронајден човечки череп

Дејан Дејан

Димитриевски: ЗНАМ не е создадено за да биде дел од старите политички матрици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе