Вести Забава Магазин

ФОТО ГАЛЕРИЈА: Супер јахта со соларни панели, нацртана како возот во филмот „Полар експрес“

Дизајнерите го открија соларниот концепт на 130 метри долгата супер јахта која е прекриена со соларни панели преку целиот врв на јахтата.

Футуристичкиот нов концепт на Ентони Гласон од дизајнерското студио М51 е инспириран од парните локомотиви како возот прикажан во филмот „Поларен експрес“ од 2004 година.

Јахтата се вика Solar Express и има елегантна силуета налик на локомотива и огромен шилец на лакот.

Поради соларниот дизајн, Гласон жртвуваше дел од луксузните удобности за да се осигура доволно простор за соларни панели.

Гласон објасни дека „концептот е наменет за сопственик на кој не му пречи да се откаже од некои типични големи карактеристики на суперјахта, како што се хелиодроми или лежалки за сончање, со што да се направи простор за соларни облоги.“

И покрај соларниот концепт, Solar Express сè уште нуди низа типични луксузи за таков тип јахти како например базен долг 10 метри, Џакузи када и место за вечера под фрески на главната палуба.

Суперјахтата сепак ќе биде иновативна бидејќи е планирано на неа да се инсталираат 1.500 квадратни метри соларни панели кои ќе произведуваат енергија за потребите на бродот.

„Солар експрес е обид за позелена иднина на големите суперјахти“, вели дизајнерот Гласон.

На фотографиите во галеријата се гледа погледот од јахтата, нејзиниот изглед од напред и одозгора, а на 4-тата фотографија е сцена од филмот Полар експрес.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Палевски негира вина за убиствата на Вања и Панче и дека бил во бегство

Дејан Дејан

Генералштаб на Украина: Го уништивме ракетниот брод „Циклон“ на Крим

Дејан Дејан

Притвор од 30 дена за Љупчо Палевски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе