Автомобил со кичевски регистерски таблички заврши во предупредувачките бетонски ознаки од автопатот во изградба. Незгодата се случи вчера на влезот од Охрид и е само уште една во долгата статистика од почетокот на изградбата на автопатот Охрид – Кичево, информира „Охрид њуз“.
Автопатот долг 57 километри кој започна да се гради уште во 2014 година се уште не е завршен. Во меѓувреме потпишани беа и анекси на договорот со изведувачот, а цената на автопатот значително порасна.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
