Вести Македонија

Жителите на Влае на нозе – не сакаат нивната населба да стане ново Дебар Маало

На западната страна на Скопје, повеќе децении гордо стојат исправени овие препознатливи бели згради. Симбол на скопско Влае. Од високо го „надгледуваат“ паркот и кејот на Вардар. Четири децении подоцна, тие нема да бидат единствените бетонски џинови во оваа урбана населба. Предлог-Деталниот урбанистички план предвидува неколку новитети, вклучително и на оваа локација, што видно би го измениле изгледот на овој дел од градот. Долгогодишните жители на Влае сведоци биле на првите објекти кои никнале кога градот се ширел кон запад. Сега се разочарани од тоа што им го подготвуваат урбанистите и инвеститорите.

Знам како Влае растеше и како напредуваше. И многу ми е жал што се изгуби духот на Влае. Влае се пренасели, дојдоа луѓе коишто веројатно не се заинтересирани за Влае, не го сакаат Влае и сеедно им е. Толку сум разочаран и од една и од друга структура на власт, не знам која ќе биде третата која ќе дојде да нè спаси затоа што овде гледаме урбанистички хаос. Ова е нешто невидено, нешто што не наликува на Влае, вели славе велјановски, жител на населбата.

Жителите на населбата денес се собраа во паркот да се информираат и едуцираат за ДУП-овите коишто наскоро ќе се најдат на гласање во Советот.

Дали мајсторите и градежната механизација ќе им го узурпираат просторот за играње на децата – останува неизвесно. Но, отпорот е голем кај жителите на оваа урбана скопска населба.

Повеќе: КОД: Што се крие зад случајот Пуцко Петрол против државата и Општина Карпош?

Тие ангажирано, со пенкала во рацете веќе пополнуваат анкетни листови. Целта е да се допре до надлежните и да се премислат.

Бараме Деталниот урбанистички план во Влае да се измени и да нема згради туку да има зеленило и да има примерен и хуман начин на живеење за нас и за нашите деца. Не секој е толку информиран за поими како катастарска парцела меѓутоа меѓусебно се информираме, си помагаме, со цел да има сè повеќе анкетни листови во општината и да сфатат луѓето оттаму и советниците па и Владата, дека народот се буди, вели Јована Стефановска, организаторката на иницијативата.

Општината Карпош на граѓанскиот активизам и активностите поврзани со урбанистички планови во Влае, гледа како на политичка игранка, хушкање и популизам. Во соопштение велат дека во овој предлог-ДУП нема ништо спектакуларно или нешто што не постоело уште во претходните планови.

Сведоци сме како се носат луѓе од други месни заедници, па дури и од други општини да пополнуваат анкетни листови, со цел да се вознемируваат граѓаните од оваа урбана заедница и да се прикажува искривена слика на незадоволство, соопштуваат од општината.

Организаторите на денешниот собир на граѓани ги поканија и советниците од Општина Карпош да дојдат и да видат што и се подготвува на населбата доколку Деталниот урбанистички план дојде до точка на гласање. Присутни претставници имаше од сите политички партии застапени во советот, освен од партијата на градоначалникот Јакимовски.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

ДКСК повторно одлучи дека академијата „Павел Шатев“ ги крши законите со тестирање на кандидати во изборен процес

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 19.04.2024

Дејан Дејан

Претседателски избори 2024 – Изборна хроника 19.04.2024.

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе