Вести Најважни Свет

Бомбардирањата продолжуваат во Украина, Зеленски побара помош и од Израел

Претседателот Володимир Зеленски ја продолжува својата виртуелна светска турнеја. Денеска преку видео врска се обрати пред израелскиот Кнесет. Зеленски, кој и самиот е Евреин, постапките на Русија ги спореди со нацистичка Германија, и ги запраша зошто Израел не испраќа оружје во Украина и зошто не воведуваат санкции против Русија, како останатите земји.

Пред неговото обраќање во Кнесетот, украинските власти соопштија дека руските сили бомбардирале уметничко училиште во Мариупол во кое се засолнувале 400 лица. Училиштето е во непосредна близина на театарот, бомбардиран пред 5 денови, и под чии урнатини сѐ уште има заглавено стотици цивили. Спасувачките операции се отежнати поради борбите меѓу двете армии во Мариупол кои веќе неколку денови се водат на улиците на градот, додека времето за цивилите истекува.

Потрагата по преживеани војници продолжува и во Миколаив, каде во петокот беше бомбардирана украинска воена база. Според властите најмалку 40 војници загинале во нападот, а тие кои го преживеале сведочат за трауматично искуство.

Продолжуваат да гинат за Украина поради едно глупаво џуџе кое сакаше војна, сакаше врз нас да ги тестира своите нови оружја. Не сакам да зборувам за тоа, не сакам да плачам, но понекогап емоционалниот удар е претежок, вели украинскиот војник Александар.

Во меѓувреме, турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, чија земја изминатите две недели изби како ефикасен посредник во преговорите меѓу Русија и Украина, оцени дека двете земји ги приближуваат позициите околу 4 клучни барања и изрази надеж дека договор ќе биде постигнат.

Би сакал да кажам дека има моментум. Во замена за нејзиниот неутрален статус, што е еден од елементите за кои се преговара, Украина сака да биде гарантиран. Сака Турција и Германија, заедно со постојаните членки на Советот за безбедност, да бидат гарантори на тој договор, изјави чавушоглу.

И покрај дипломатските напори, борбите во Украина продолжуваат со несмалена жестина. Киев денеска исто така обвини дека Русите на сила евакуираат цивили од Мариупол и ги сместуваат во руски градови.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Еуромакс испорача рок или Владата ќе одлучи за рудникот за бакар „Иловица-Штука“ или правдата ќе ја бараат пред Арбитражен суд

Дејан Дејан

Протест пред Култура поради непостигнатиот договор за зголемени плати

Дејан Дејан

За еден месец изгорени повеќе од 400 хектари шума на Шар Планина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе