Вести Економија Топ вести

Високите цени на горивата ги вратија ралата во употреба

Во кочанско поле почнаа подготовките за сеидба на ориз. Славе Петро со своите две мазги ги ора нивите. Залежува дека станува збор за традициција од над 70 години иако орањето е далеку потешко, но во услови кога цените на горивата се високи, оваа година тој заштетува.

Голем дел од оризопроизводителите стравуваат да ги вклучат тракторите. Сеидбата за неколку кратно им е поскапена, поради нафтата, но и ѓубривата, кои според нивни проценки се покачиле и за 200 проценти.

Високите трошоци за сеидбата, според оризопроизводители на нивите ќе се посее помалку и тоа за 30 проценти. Според планот на водостопанство Брегалница годинава планирани се 4.500 хектари под ориз. Пред неколку дена одобрени се два милиони  евра од интервентниот фонд за исплата на дополнителна субвенција за минерални ѓубрива за производителите на пченица и јачмен, како најзначајни стратешки култури. Недостигот од  ѓубрива сериозно го погоди  земјоделството, бидејќи Русија е еден од најголемите производители на клучните состојки во вештачките ѓубрива. Според експертите нормализирање е можно  само ако во Јуни, Кина почне со извоз на фосфати.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гори Канада – над 800 активни пожари, најголем дел се надвор од контрола

Sasko Dimovski

Кос со осуда на изјавата на српската министерка Пауновиќ дека етнички би го исчистила Косово во 1998 година да била на местото на Милошевиќ

Sasko Dimovski

(Видео) Улици претворени во реки – силно невреме вечерва ја зафати Битола

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе