Жителите на Колешино неделава вторпат ќе излезат на протест против бесправната сеча над нивното село. Беласица е опустошена а негативните ефекти се на сметка на граѓаните, велат колешани и бараат институциите посериозно да се занимаваат со ова прашљање.
Дел од барањата се и македонски шуми јавно да ги објавува годишните планови за сеча на огревно дрво, освен што инсистираат на почести контроли.
Општинската власт велат дека има препораки и месното население да биде поактивно и да пријавува доколку забележи нелегална сеча.
Неконтролираната сеча беше тема и на локалниот совет за превенција во о.Ново Село. Подгорските села велат дека ќе има блокади и во текот на наредните недели, доколку не се најде решение за самоволието на планината Беласица.
Сузана Мицева
